Без македонски знамиња во Тетово и во Кичево на Денот на албанското знаме

Наспроти Законот за употреба на знамињата, одбележувањето на Денот на албанското знаме во Тетово и во Кичево помина без знамето на државата во која се наоѓаат општините – Македонија.

Низ двата града беа истакнати само албански знамиња.

Во селото Камењане, во општината Боговиње, на јарбол висок 28 метри, денеска во 14 часот беше кренато знамето на Албанија, како што тоа било сторено во Валона пред 108 години

Денот на независноста на Албанија, познат и како Ден на албанското знаме, годинава беше скромно одбележан поради епидемијата од Ковид-19.