Без камери и снимање во Судскиот совет, одлучи новиот претседател

Камерите од медиумите да не снимаат што се зборува и дискутира на седниците, реши новоизбраниот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, објавува „Макфакс“.

Тој рече дека таква одлука била едногласно донесена на колегиум за време на кратката пауза што ја даде.

„…јавноста ќе остане тука присутна, а камерите … да ја напуштат седницата.

Тоа е едногласна одлука од страна на колегиумот што го имавме. Сè во врска со работењето, условите за работењето, а воедно и за точката на дневен ред, каде што ќе дискутираме за поплаки и претставки од граѓаните во однос на работењето на судиите. Јавноста е присутна, но камерите, ве молам, ќе мора да нè оставите да работиме“ рече Георгиев.

На тоа реагирала , поранешната претседателка Весна Дамева таа не била повикана и дека е против исклучување.

„Извинете, претседателе, јас не знаев дека има колегиум. Јас не бев повикана на колегиум, морам да реагирам. Меѓутоа, ако тоа е ваша едногласна одлука, во ред„, рече Дамева.

„Значи, колеги, да не излезе дека ова е од претседателот, јас само пренесувам заклучоци од Судскиот совет. Дали нешто е спорно за вас од ова“ – праша Георгиев.

Поранешната претседателка Павлина Црвенковска изнесе предлог да остане само една камера и од неа да добијат снимки сите телевизии. Предлогот беше да остане камерата на новинската агенција МИА, иако нивната камера не е телевизиска и иако Судскиот совет не знае дали агенцијата воопшто има намера да снима или дали е во можност да ја снима целата седница.

На крајот, на седницата останаа само новинарите.

Камерите беа исклучени.

Ваква непопуларна мерка против медиумите беше донесена во 2016 година од тогашната претседателка Елена Гошева, под истото образложение – дека се губела концентрација во работата. Подоцна под притисок на јавноста беше повлечена ваквата одлука која значи нетранспрарентност во работењето, потсетува МКД.Мк.