Без ЕУ без ,,мрљавења”, Грчева со предлог за референдумско прашање

Откако претходно иронично го понуди Зоран Заев за историска личност која треба да се слави со соседите лидерката на Глас за Македонија Солза Грчева со предлог за референдумско прашање.

Со оглед на тоа што соседите и ЕУ немаат намера да ги спроведуваат договорите со Македонија Грчева смета дека прашањето на евентуален референдум треба да оди во правец на нивно раскинување.

,,За мене прифатливо референдумско прашање е: “Дали сте за еднострано раскинување на договорите?”
Без ЕУ, без мрљавења, безусловно!
Впрочем Грција нема намера да го исполнува договорот, ЕУ нема намера да не прими, а денес во Бугарија слават”, смета Грчева.