Преку книгата ,,Бугарски хроники том 4″ од бугарскиот писател и драматург Стефан Цанеф издадена во 2009 година бугарската јавност имала можност да разбере зошто Бугарија не е сакана и пријателска земја во Македонија.
Писателот точно ги пренесол дел од причините за односот на Македонците кон својот сосед кој во втората светска војна според Цанеф бил со злото односно фашизмот и убивал антифашисти кога цел цивилизиран свет се борел против фашизмот.
,,Четвртата грешка што ја направивме за време на Втората светска војна кога влеговме во Македонија како ослободители и народот навистина не пречека со леб и сол, цвеќиња и ѕвонење на камбаните, но со поголема радост не испратија во 1944 година. Зошто?
Како се случи тоа? Светот тогаш беше поделен меѓу фашисти и антифашисти, битката беше за живот и смрт – ние, за жал, бевме на страната на злото (фашистите), го претставувавме фашизмот во Македонија и всушност од ослободители се претворивме во окупатори: војската и нашата полиција Водеа војна против локалните антифашисти, ние Бугарите ги мачевме, ние Бугарите ги стрелавме. И денес низ градините на селата и градовите во Македонија може да се видат спомениците на македонските херои, а на сите пишува: убиени од Бугари”, пишува Цанеф во своето дело кое многумина во Софија не сакаат да го прочитаат и да го разберат.
Bulgarian Chronicles Volume 4 by Stefan Tsaneff (2009): The fourth mistake we made during WWII when we entered Macedonia as liberators and the populace really greeted us with bread & salt, flowers and ringing of bells but with greater joy they sent us off in 1944. Why? pic.twitter.com/roLLmZb1zC
— Водачот (@Vodachot) August 15, 2023