Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека се активира мерката бесплатен јавен превоз, поради загадениот воздух, во Скопје односно надминувањето на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри.

„Мерката започнува да се применува од 26.12.2022 година, па се до завршување на алармантната состојба, што ќе биде објавено од надлежното министерство согласно резултатите од државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух“, велат од ЈСП Скопје.