Бесплатен тест за Ковид-19 за секој Грк

Од денеска во Грција секој граѓанин има право на еден бесплатен комплет за само-тестирање на коронавирусот неделно, како дел од напорита таа земја да се справи со пандемијата.

Земјата со 11 милиони жители вчера пријави рекорден број од 4.309 случаи и 79 смртни случаи, па вкупниот број на смртни случаи се искачи на 8.530.

Властите вчера соопштија дека планираат повторно отворање на училиштата на 12 април. На наставниците и средношколците на возраст од 16 до 18, им се препорачува да ги употребуваат комплетите за самотестирање.

Заменик министерот за здравство Василис Кодозаманис изјави дека тестовите содржат брисеви за нос и се лесни за употреба и затоа нема потреба да се прават во присуство на здравствени работници.

Секој што има позитивен тест, треба да се пријави на владината веб-страница и ќе треба да направи ПЦР тест.