Екс ТВ водителка Бесмира Ејупи која имаше добиено безбедносен сертификат – државна тајна, доделен во експресна постапка уште во мај отвара нова епизода од нејзината кариера во која може да повлече повеќе други лица.

Ејупи која сега е ново-вработената во МНР на Бујар Османи по минатата емисија КОД, го вратила сертификатот во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информацији.


Со тоа таа признава дека во добивањето на сертификатот државна тајна има незаконитост во која се инволвирани високи функционери на АНБ, ДБКИ, МНР и индиректно во државното правобранителство.

Доделувањето на сертификатот е проблематичен, а во новата емисија вечерва КОД, покрај тоа, има и истражување како четири политички кариери од двете страни на власта, заедно работеле во конкретниот случај за вработување на несудената конзулка во Њујорк.

КОД вечерва открива и како во февруари се случил сериозен хакерски напад врз 4 големи банки во државата, како и за сајбер безебедноста на државните институции.