Во програмата на Владата за 2020-2024 година има формулација во однос на тоа дека владата во соработка со приватниот сектор ќе го охрабри и ќе го поттикне со цел за поддршка и промовирање на добри меѓуетнички односи и толеранција, со цел тоа да создаде една позитивна работна средина, во смисла на искористување на тој целокупен човечки потенцијал во економијата, вели министерот за финасии фатмир Бесими во интервју за Радио слободна Европа.

Коментирајчи ја идејата на првиот вицепремиер Артан Груби кој најави субвенции за етнички вработувања во приватниот сектор, Бесими, меѓу другото, вели.

(…)

„Идејата на ова е како што постојат вакви вредности во Европска унија, диверзитетот да биде една од вредностите.

Како што има во светските глобални компании, како што денес еден Гугл во кој главен извршен директор е од Индија, така и тука диверзитетот ќе биде само позитивна вредност во нашата економија и тоа да произлезе и од потребите на пазарот. И мислам дека и во соработка со бизнис заедницата тоа може да биде само еден нормален процес согласно квалитетот и пазарните принципи, а со оглед на тоа владата со поддршка за промоција на диверзитетот, кои се вредности во Европска унија, за која ние имаме цел да станеме дел од тоа“.