Министерот за финансии Фатмир Бесими на пет дена пред избори го презентираше планот за наводен забрзан економски раст.

Во излагањето министерот искажа неколку небулози кои според експерти кои консултираше expres.mk укажуваат дека Бесими свесно лаже и манипулира или не ги познава основите на монетарната економија.

Бесими најавува дека ќе потроши 4 милијарди евра за 4 години од јавни извори а притоа сака да го намали државниот долг од 64 на под 60 насто.

Оваа најава на Заев и Бесими според експерти блиски на власта е само лош предизборен манипулативен трик во кој не веруваат ниту неуките за финансии граѓани.

Според нив невозможно е државата да троши по една четвртина од својот буџет во наредните 4 години а притоа да се намали долгот под 60 % од БДП.

Дополнително Бесими објави дека буџетскиот дефицит ќе биде намален од 6,5 на 2,2 % а најави дека ќе бидат издавани и обврзници што нема никаква економска или финаиска логика за земја како Македонија која нема силна индустрија или сериозни странски инвестиции.

Експертите се чудат на согласноста на Бесими кој важи за сериозен човек и добар економист да влезе во грубата пропаганда на Зоран Заев во која се користат предизборни лаги пред граѓаните.

Ветувањата на Бесими се од пред 12 минути од видеото на владата