Директорот на тетовската болница Флорин Бесими инаку брат на Министерот за Финансии од ДУИ Фатмир Бесими и министерот за здравство Венко Филипче знаеле или морале да знаат дека цивилни лица – роднини на заболени пациенти, секој ден биле присутни во тетовскиот ковид центар.
Според видеото кое го реобјавува македонската редакција на Дојче Веле во сега изгорениот ковид центар се гледа дека роднини се присутни на местото каде што според протоколите не смее да биде присутен никој друг што не е здравствен работник.
Зошто Филипче не реагирал за да се смени практиката не е јасно освен логиката дека тој не сакал да влезе во конфликт со моќниот директор на Тетовската болница Флорин Бесими, прв човек на ДУИ во Тетово и брат на Министерот за Финансии Фатмир Бесими.
Дури и да не се утврди дека некој од немедицинските лица се виновни за трагедијата Филипче и Бесими се луѓето кои со својот менаџмент придонесле за хаосот во Ковид центарот кој изгоре при што починаа 14 луѓе.
Засега ниту Филипче дава оставка ниту го менува директорот Бесими кој дозволил хаос во болницата што ја води но е заштитен од својата партија ДУИ и братот министер.
Видеото на Дојче Веле направено од Арбнора Мехмети тврди дека десетици луѓе од надвор дневно биле во Ковид центарот а дел од нив шетале без маски.
Линк до видеото