„На Централно претседателство на БЕСА донесовме одлука дека ако на состанокот во Тирана присуствува Ахмети, ние нема да седнеме на иста маса, односно БЕСА не оди во Тирана“, изјави потпретседателот на Движењето , Фатмир Лимани за МКД.Мк.

За утре, албанскиот премиер Еди Рама ги повика на „вечера“ лидерите на албанските партии во Македонија, но нема информации која е целта на средбата која речиси се поклопува со 6-годишнината од донесувањето на „Тиранската платформа“ на 7 јануари 2017 година.

Лидерите на партиите на Албанците во Македонија потврдија присуство на вечерен коктел кај албанскиот Премиер Еди Рама.Тврдат дека не станува збор за работен состанок со утврдена агенда, и не ги откриваат темите за разговор.

Лимани, за МКД.Мк вели дека БЕСА пред еден месец имаше упатено покана до партиите на Албанците со свои претставници да седнат на една маса и да изградат заеднички став во врска со „францускиот предлог“ за уставни измени, но тоа било отфрлено од Али Ахмети со објаснување дека „ состанок само на албански лидери не е во духот на градење доверба помеѓу Албанците и Македонците..

Сега, прашува Лимани „дали состанокот во Тирана е во духот на градење на меѓусебна доверба? Зошто СДСМ го поздрави овој чин и состанокот во Тирана? Што се крои таму?“

И одговара: „Просто е. Состанокот е во духот на спасување на криминалната влада СДСМ – ДУИ, а во која, според мене, ќе промовираат и други коалициски партнери“. 

Лимани за МКД.Мк додава:

„Нема да присуствуваме на состаноци на кои се присутни криминалци кои депортирајќи ги младите ја испустија земјава“.