БЕСА ќе поддржи интерпелација за Талат Џафери

Од движењето БЕСА ќе ја поддржат интерпелацијата за претседателот Талат Џафери, зашто,според нив, тој „нема кредибилитет за да ја врши својата должност“, по завчерашниот инцидент кога претседателот на законодавниот дом ги заклучи вртатите од собраниската сала.

„Талат Џафери очигледно дека после последните случувања нема кредибилитет за да ја врши должноста претседател на Собранието. Пратениците на Беса ќе поддржат интерпелација, но најважно од се е дека владејачкото мнозинство треба да сфати дека погрешно ја води државата и затоа треба да одиме на парламентарни избори час поскоро“, објаснуваат од партијата на Билал Касами во изјава за „Локално“.

За пратеничкта а група на ВМРО-ДПМНЕ, која најави интерпшелација, Џафери направил кривично дело, го загрозил слободното движење на пратенциите, го прекршил Уставот и Деловникот.