Полицијата употреби солзавец во Берлин против учесниците на собирот против ограничувањата на движењето поради коронавирусот, во близина на зградата на парламентот, јави репортерот на агенцијата Франс прес.

Според полициските извештаи, околу 8.000 демонстранти се собрале недалеку од зградата на Рајхстагот каде што седи Парламентот, а само некои имале заштитни маски.