Едно лице загина, а најмалку 30 лица се повредени кога звтомобил влета во толпа луѓе во западен Берлин.

Полицијата појаснува дали се работи за несреќен случај или за намерно дело.

Возилото утрово удрило во луѓе пред црквата Кајзер Вилхелм.

Инцидентот се случил во близина на местото на кобниот напад на 19 декември 2016 година, кога бегалец од Тунис со исламистички врски, киднапираше камион, го уби возачот и потоа влета во толпата на божиќниот пазар во Берлин. Во нападот загинаа 11 други, а десетици беа повредени.