Бериша треба да му плати 500 евра на Рама за клевета

Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, е прогласен за виновен за клевета по тужбата поднесена од актуелниот премиер Еди Рама.

Бериша објавил порака во која врз основа на допрен глас тврди дека „поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако, му  давал пари на Рама со торби“.

објавата на Бериша на Фејсбук од 29 октомври 2018 година се оценува како клевета. Со донесената одлука делумно се прифаќа барањето на адвокатите на Рама за износот на отштета, па така Бериша треба да му плати 50 илјади леки (околу 500 евра) наместо бараните 100 илјади леки, објави Топ чанел.

Судот пресуди дека „објавата на Бериша на Фејсбук од 29 октомври 2018 година се оценува како клевета.

„Со донесената одлука делумно се прифаќа барањето на адвокатите на Рама за износот на отштета, па така Бериша треба да му плати 50 илјади леки (околу 500 евра) наместо бараните 100 илјади леки“, објави Топ чанел.

Ова е четврти пат како Рама добива судски процес за клевета против Бериша.