Бериша до Шилегов: Цело време го критикувате народот, а пола партија ви се позитивни на Ковид-19

Беким Бериша ја има репликата на денот на Фејсбук под статусот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, во кој функционерот на СДСМ објави дека е позитивен на коронавирус.

„Со помин нека е. Имам само едно прашање до Вас: како е можно цело време да нè критикувате нас (народот), а пола партија ви испадна позитивна на Ковид-19?! Не ги почитувате препораките што самите ги давате или…?!“, праша Бериша.

Вработениот во Државниот завод за статистика, како што се претставува на својот профил на Фејсбук, излезе на социјалната мрежа и со поопширна елаборација за оваа тема.

„Петре Шилегов на својот профил објави дека е позитивен на КОВИД-19.
Прва работа што сакам да спомнам е тоа дека на Шилегов и на сите заразени им посакувам брзо излекување и да ја поминат оваа битка најлесно што е можно.
НО, не треба сега да заборавиме на некои работи само поради сожалување.
Петре Шилегов вели дека иако го превземал сите мерки за самозаштита, сепак се заразил. Филипче од друга страна вели дека тие што ги почитуваат сите мерки не се заразуваат! Кој лаже тука?! Шилегов или Филипче. Иако Филипче е познат како нотерен лажго, овој пат ке речам дека Шилегов лаже. Не ги почитувал сите мерки. Пред две недели кога Скопје беше ставено во карантин, Шилегов си замина за Маврово. Уште и изјави дека опозицијата му лубомори зошто он се шетал. Еве, точно после периодот на инкубација на вирусот, Шилегов резултира позитивен.

Ова треба да им служи како лекција на господата од СДСМ. Они цело време нивната неспособност за справување со вирусот, сакаат да ја префрлат кај народот. Цело време го обвинуваат народот дека не ги почитувал мерките, а пола партија им се зарази од вирусов! Господа од СДСМ, каде е проблемот?! Не ги почитувате мерките кои самите ги препорачувате или сте до тој степен самобендисани што мислите дека вие сте нешто повеќе од луѓе па за вас тие мерки не треба да важат?! Е па биологијата ве демантира: еве и вие се заразувате. Затоа, господа од СДСМ почитувајте ги мерките, или како што вие милувате да кажете “слушајте го Венко”!!
Уште еднаш: со помин нека им е на сите заразени. Оздравете што побрзо…“, напиша Бериша.