Германската влада не би се спротивставила доколку Полска и обезбеди на Украина тенкови Леопард 2, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во интервју за LCI.

Шолц не дава германски тенкови за Украина

На прашањето што ќе се случи доколку Полска испрати тенкови „Леопард 2“ без дозвола на Германија, Бербок одговори:

„Тоа прашање сè уште не е поставено, но ако се постави, нема да се мешаме“.

На прашањето „Ако Полјаците испратат тенкови (во Украина) нема да се спротивставите? германската министерка за надворешни работи одговори:

„Добро ме слушнавте“.