Се вика Џејмс Боде.
Живее во градот Нортемптон во Американката сојузна држава Пенсилванија.
Работи како возач за онлајн патнички транспортен сервис Lyft кој функционира како Uber.
Вчера имал 200 следбеници на Твитер а денеска фантастични 40 илјади што е за двеста пати повеќе.
Причината за неговата инстант популарност е реакција кога од возилото исфрла патничка расист која при влезот искажува задоволство што тој е ,,бел возач што знае англиски јазик”.
Откако предходно ја предупредува за неприкласниот расистички јазик кој го користи патничката тој и наредува да излезе од возилото.
Потоа од истите причини не му дозволува да влезе и на нејзиниот сопруг кој му се заканува со физички напад односно дека ,,ќе му удри тупаница в лице”.
Потоа тој им кажува дека нападот е снимен на видео камерата во возилото и дека ќе повика полиција.
Парот американски расисти се сопственици на ресторан кој по инцидентот е цел на сериозни критики на социјалните мрежи.
Видеото досега го виделе над 7 милиони луѓе а Џејмс Боде стана херој на американската борба против расизмот кој се уште е присутен во земјата која е водечка светска демократија.
I don’t know who this Lyft driver is but he deserves an award and a seat in Congress. pic.twitter.com/8uvYSUBqne
— Adam Parkhomenko (@AdamParkhomenko) May 15, 2022