Елка висока 20 метри, падна вчера вечерта од силен ветар на божиќниот пазар во градот Однаарде, на околу 50 километри западно од Брисел , јави белгиската новинска агенција Белга.
Елката паднала врз три лица, меѓу кои и една жена која починала набргу во болница од тешки повреди.
Остана нејасно дали огромната, празнично украсена елка билае лошо обезбедена. Видеата покажаа дека дрвото драматично се ниша на ветрот пред да падне.
Локалните медиуми го цитираа градоначалникот на Оденаарде, Марник Де Меулеместер, кој изјавил дека обилните дождови и силните ветрови го урнале дрвото.