Денеска се игра уште една серија решавачки битки од последното коло на натпреварите од групната фаза на Светското првенство во Катар.

Во 16:00 часот по средноевропско време се натпреварите од групата „Ф“ помеѓу Канада – Мароко и Хрватска – Белгија.

Во оваа група, Хрватска и Мароко имаат по четири бода по два одиграни натпревари, додека Белгијците се трети со три бода. Канада веќе е елиминирана откако загуби од Хрватите со 1:4.

Вечер, во 20 часот се натпреварите од групата „Е“ каде Германија игра со Костарика, а Шпанија со Јапонија.

Во групата „Е“, Шпанија води со 4 бода, еден повеќе од Јапонија и Костарика, додека Германија е на дното со еден бод, поради што ќе опди на решавачка победа за опстанок.