Белгија: Десетици судии и обвинители одведени во затвор!

Вкупно 55 судии и обвинители доброволци биле одведени на два дена во затвор во Брисел за да го искусат животот на затворениците, соопшти белгиското Министерство за правда.

Тие ќе бидат третирани како вистински затвореници.

„Претставниците на правосудните органи многу добро знаат како стојат работите во затворот, но нивното лично искуство им дава единствена можност што може да им помогне во изрекувањето на казната, бидејќи ќе имаат подобро знаење, се наведува во соопштението на Министерството за правда.

Тие за време на престојот во затворот ќе мора да ги почитуваат наредбите на персоналот. Не можат да користат мобилни телефони, ниту им се дозволени посети.

Ќе јадат затворска храна и извршуваат секојдневни активности на затворениците, како што се работа во кујна или перална, и си легнуваат во 22 часот кога ќе се изгаснат светлата.