Еден човек, за кој се претпоставува дека можеби носел експлозивен појас, се саморазнел на фудбалско игралиште во местото Verviers, Белгија, објави локалното обвинителство.
Тој е единствената жртва.
Човекот детонирал експлозив помеѓу 8:30 и 9 часот претпладнево, објави белгискиот сервис на RTL(ВИДЕО) цитирајќи извори од обвинителството.
Полицијата не го знае идентитетот на загинатиот, ниту пак мотивот кој можеби бил самоубиство.
Човекот, околу 50 години отишол до центарот на стадионот пред да се разнесе, изјави еден сведок, пренесе RT.
Градоначалникот Хасан Ајдин ги отфрли шпекулациите дека човекот сакал да изврши терористички чин.
„Доколку сакал да направи поголема штета, сигурно ќе отижол на место во градот каде што има повеќе луѓе”.