По брусењето на 16 краткото сонце во Крива Паланка, се огласи и македонскиот активист од Швајцарија Васко Белески кој вели дека ова е срамен чин од страна на актуелната власт и со овој потег се гази на достоинството на Македонците кои живеат ширум светот.
Васко Белески им порача на властите дека колку повеќе ќе брусат и уништуваат македонски симболи, толку повеќе народот ќе блеска и ќе биде неуништлив.
Белески вели дека тоа беше и првото државно знаме на повеќепартиска Република Македонија и дека ниту едно знаме, ниту еден симбол од државата не му доликува да биде насилно уништуван, а посебно нешто што е во срцето на секој Македонец.
“Колку повеќе БРУСИТЕ, толку повеќе ќе БЛЕСКАМЕ, а не сакајќи и ќе не ОБЕДИНИТЕ” , напиша Белески.
Ѕвездата од Кутлеш, Сонцето од Кутлеш или Аргеадска ѕвезда е симбол на стилизирана ѕвезда или сонце со шеснаесет зраци и симбол на античките Македонци. Се среќева во разни древни остатоци, цркви и народни градби во земјата.
Денес, симболот го користат скоро сите македонски здруженија во дијаспората, македонската општина Пустец во Албанија, многубројни организации во Македонија и беше државно знаме на Македонија од 1991 до 1995 година. Од друга страна пак, Грција вештачки го прифаќа како нивен симбол со тоа што Беломорска Македонија како провинција го има истото знаме но со сина
позадина.
Неодамна Белески заедно со неколку хумани луѓе од Швајцарија како и спортското друштво Македонија од Швајцарија, на негова иницијатива за својата татковина донираа медицински 3000 маски КN95 FFP3 со љубов кон најхрабрите војници, докторите, сестрите и целиот медицински персонал.
Ѕвездата се користела за време на Кралство Македонија и во Република Македонија од јули 1992 до 1995 година кога е сменето со денешното македонско знаме. Денешното македонско државно знаме е стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шестнаесет.
Симболот се користел отсекогаш за означување и истакнување на македонскиот идентитет. Низ вековите, македонскиот народ секогаш го користел симболот во своето секојдневие и активности. За важноста на симболот за македонскиот народ сведочат и голем број на икони во кои се нацртани 16- краки ѕвезди или во поупростената верзија- ѕвезда со осум краци.
Извор:magazin.mk