Низвесно е одржувањето на најавената седница на Владата на која министерот за економија Крешник Бектеши требаше да го објасни носењето на одлуката за спојување на концесиите за Иловица.
Бектеши, е на службено патување во САД, а во владата го „превиделе“ ова.
По изјавите на неколку министри дека биле измамени во „случајорт Иловица,“ Владата најави за денеска седница која, се чини од практични причини нема да се одржи.
Измамените министри можат да поднесдат кривична пријава за Бектеши
Да потсетиме, четири актуелни министри изјавија дека се противат на отварањето на рудникот Иловица-Штука, односно дека биле измамени или изманипулирани од министерот за економија Крешник Бектеши.
