Беџет Пацоли ќе инвестира 50 милиони евра во Чаир

Косовскиот бизнисмен Беџет Пацоли, ќе инвестира 50 милиони евра во изградба на катни гаражи и паркинзи во општина Чаир.

Меморандум за ова потпишаа градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и сопственикот на фирмата „Мабетекс“, Пацоли.

Ќе се добијат 3.000 нови паркинг места низ Општината. Една од локациите каде се обезбедат нови места е и паркинг под Плоштадот Скендербег. Инвеститорот е глобалата фирма ‘Мабетекс’, која секој договор досега го има завршно со најголема сериозност во предвидено време, без никакво задоцнување и во големо ниво на квалитет“, соопшти градоначалникот Ганиу.