Баздникин: Ќе стигнат 200.000 дози „Спутник V“

Aмбасадорот на Русија, Сергеј Баздникин, денеска порача дека вакцинацијата на македонските граѓани со руската вакцини ќе оди непречено, но не го знае прецизно датумот кога во земјата ќе бидат испорачан ветениот контингент „Спутник V“.

„Вакцинацијата со руската вакцини ќе оди непречено и договорот кој е потпишан од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции и македонското Министерство за здравство ќе биде испочитуван.

Договорот предвидува снабдување со 200.000 дози на вакцината против корона вирусот Спутник V, количина која е потребна за вакцинирање на 100 000 граѓани.

До денес се испорачани се 6.000 дози, 3.000 од секоја компонета. Во моментов се работи за испораката на останатите количини на препаратот. Сакам да ви кажам дека руската страна доследно ќе ги исполнува своите обврски од договорот и да обезбеди испорака на вакцините, во вашата земја“, вели Баздникин.