Бардот на македонското глумиште Владо Јовановски во негов ироничен стил ја коментира заканата на министерката за одбрана Петровски дека ќе се вклучи во војната на НАТО против Русија.
Тој на шега предлага освен Русија АРМ да ги освои и Кина и Северна Кореја и заклучува дека и Александар Велики би им позавидел на воените стратези на власта.
,,Ако и објавуваме војна на Русија, по евтино е’ да ја окупираме и Кина, оти стигнеш ли до Петроград, ја го дека е’ и Пекинг. А од Кина, со камења да гаѓаме ќе ја освоиме и Северна Кореја!
Плус пак, ако во меѓувреме се изгради добрососедската пруга, Скопје – Софија(која ќе швера со 80 км на час), не мора пешки да ги освојуваме. Ќе си земеме “спавача кола”, до Златните Пјасци и Бог да не весели!
П.С.
Александар Македонски, може да им позавиди на денешниве војсководци/ки!”, пишува Јовановски кој ја отфрла иницијативата на шефот на институтот Преспа да запрат шегите во јавноста за Петровска.
Шефот на ,,Преспа Институт” бара да не се тера мајтап со министерката за одбрана