Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Енис Барди, придонесе со еден погодок за победата на Трабзонспор од 4:2 на гостувањето кај Гиресунспор во претпоследното коло од турската Суперлига.
Офанзивниот играч за врска погоди во 34. минута за водство од 2:0 за шестопласираниот тим во лигата.
За Барди, за кој се зборува(ше) дека е на излезната врата на клубот од Трабзон, иако има договор до јуни 2025 година, ова е шести гол во 28. првенствен настап сезонава.
Голот на 27-годишниот стрелец на 13 погодоци во 51 меч за Македонија е добра вест пред дуелите во средината на јуни со Украина во Скопје и со Англија во Лондон од квалификациите за Европското првенство.