Со реализираниот пенал во 75. минута од Енис Барди, фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено 1:1 со Финска во пријателски натпревар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

По прекршокот врз Езгјан Алиоски во шеснаесетникот, Барди биеше прецизно во долниот десен агол од голот на Јесе Јоронен и ја анулира предноста на гостите од 37. минута, кога Оливер Антман успешно го заврши контранападот на својата селекција.


За играчот за врска на македонскиот тим ова е 12. погодок во неговиот 51. настап во црвено-жолтиот дрес.

Македонија имаше поголем посед на топката (60:40 проценти), но Финците упатија еден удар повеќе кон противничкиот гол (14:13), а и два пати го погодија левиот дирек од голот на Столе Димитриевски.

В недела од 14 часот на истиот терен избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе одигхраат контролна средба и со Азербејџан.