Барди: Албанец сум, но за Македонија давам се’ од себе

„Натпреварот со Косово беше посебен, по натпреварот добив и позитивни и негативни коментари, меѓутоа секој фудбалер го дава максимумот за тимот за кој настапува“, вели Енис Барди еден од клучните фудбалери во македонската репрезентација која на 12. ноември ќе игра историски натпревар со Грузија за пласман на Европското првенство, пренесеува Спортски.мк.

„Да, јас сум Албанец, но за Македонија давам се од себе. За Македонија играм со гордост, секогаш сум спремен да дадам максимум за да напредуваме. Ние во репрезентацијата никогаш не сме имале проблем со тоа кој од каде е, сите имаме респект едни кон други и играме најдобро што знаеме. Сега имаме шанса за историја.

Среќни сме што сме во финалето и што го поминавме Косово, но никој не смее да заборави дека работата не е завршена. Пред нас се уште 90 минути против Грузија. Косово е добра репрезентација и верувам дека и тие наскоро ќе имаат шанса да играат на едно Европско првенство“, изјави Барди за телевизијата „Суперспорт“.