Барале да не одат по кал добиле надгробна плоча (ФОТО)

Жителите на Улицата 31 во скопската населба Волково по 3 години барање добија асфалт.

Од една страна се задоволни што кога ќе врне дожд нема да одат по кал а од друга страна се шокирани затоа што улицата е асфалтирана меѓу другото и со надгробна плоча која била наменета за лице со презиме Стефановски.

Од фејсбук групата Ѓорче Петров се бара итна реакција на градоначалникот Александар Наумовски од СДСМ.

“Три години ќе намолиш за тампон на уличка од стотина метри, едвај ќе стават и го добиваш ова.
НАДГРОБНА ПЛОЧА.

Улица 31, Волково.
Останува нејасно зошто е ставена ?
Веројатно како споменик за нашите желби за нормални услови за живот.
Кој ја ставил ?
Чија е оваа плоча ?
Ги контролира ли некој работниците ?
Кој ќе понесе одговорност ?

Aleksandar Naumoski и општина Ѓорче Петров освестете се !
Излезете од канцелариите и видете со што се соочуваат луѓето.

Одамна го поминавме стадиумот на смешно, веќе е морбидно.

*во текот на вчерашниот ден ни пристигнаа многу фотографии од вашите проблеми и сите ќе ги објавиме”, пишува на групата.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3733375293401575&id=582713708467765