Американска компанија која произведува и одржува електронски системи за гласање покрена тужба против Руди Џулијани, адвокат на поранешниот претседател Доналд Трамп, „тешка“ 1,3 милијарди долари.

Компанијата од Денвер, Dominion Voting Systems Inc. го обвинува за клевета ширејќи гласини за масовни измами на претседателските избори.

Според судските документи објавени во понеделникот, истата компанија претходно го тужела адвокатот на предизборната кампања на Трамп, Сидни Пауел за ширење теории на заговор за изборите на кои Трамп загуби од Џо Бајден.