Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ денеска изјави дека леталото кое падна во Загреб во непосредна близина на Студентки дом, не било „извидничко“ туку дека носел бомба.
Пленковиќ: Му пишав на НАТО, оа е закана, можеше да биде Будимпешта, Љубљана
„Пронајдени се траги од експлозив и траги кои укажуваат на тоа дека не станува збор за извидувачки авион. Пронајдовме делови од авионска бомба. Заклучивме дека е исто така советско производство, како и другите предмети, по што е транспортирана од областа. Засега, можеме да кажеме дека тоа е авионска бомба која се користи во авиони од советско производство“, рече тој како што пренесе „Индекс.хр“.
Како што вели „ова, освен локацијата, доведува во прашање чија била – руска или украинска.
Тој потврди дека бомбата експлодирала, но се уште не се знае кога.
„Тоа сега точно ќе се утврди“, рече тој на прашањето дали бомбата експлодирала кога паднала.
Како што информираше пронајдена е црната кутија, од која се очекува да се извлечат податоците за летот што ќе помогне да се реконструира од каде дошол дронот.
