Бранимир Јовановиќ, советник во Министерството за финансии кога го водеше Драган Тевдовски, проценува дека банките во Македонија профитираа над 100 милиони евра поради пресметувањето камати и за време на коронакризата.

„Една груба пресметка кажува дека банките профитираа повеќе од 100 милиони евра, затоа што наплатуваат камати, а може да се откажат од тоа. Но, јас не ги обвинувам. Банките секаде во светот се исти и исто функционираат. Сметам дека Владата мораше да им наметне на банките, во периодот кога се одложени обврските, да не може да се пресметува камата“, изјави експертот по применета макроекономија во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.