Илон Маск пред шест месеци ја објави веста за купувањето на Твитер, а банките кои тогаш се договориле и склучиле обврски со овој претприемач сега би можеле да загубат над 500 милиони долари!
Се води судски спор помеѓу извршниот директор на Tesla, Илон Маск и извршниот директор на Twitter поради финансирањето на договорот за купување на оваа социјална мрежа. Договорот е постигнат во април и е вреден 44 милијарди долари.
Во оваа насока, банките на чело со „Морган Стенли“, „Барклис“ и „Банк оф Америка“, пред шест месеци се обврзаа да соберат 13 милијарди долари за финансирање на купувањето на Твитер од Маск.
Поради ваквите обврски, според Блумберг, загубите на банките сега би можеле да достигнат над 500 милиони долари.
Експертите наведуваат дека во април банките се согласиле на услови кои би биле неприфатливи од сегашна гледна точка
– Мислам дека банките вклучени во овој бизнис сега би сакале да се „извлечат“ од него и дека овој бизнис сега им има многу помалку смисла и дека ќе биде многу тешко да се префрли долгот на инвеститорите – рече Хауард Фишер, партнер. на адвокатската канцеларија „Мозес Синглер“.
Директорот на Тесла објасни дека нема финансиски интерес да го купи Твитер, туку дека тоа го направил врз основа на идејата за простор каде што е можна слободна размена на идеи и мислења.
Илон Маск не само што предизвикува потреси во светот на финансиите, туку и во светот на политиката, а последната бура ја предизвика со својот предлог за мирен крај на војната во Украина.