Цената на златото во моментов е блиску до највисокото ниво на сите времиња бидејќи моментално се тргува по 1.980 долари за унца (цената во август 2020 година беше 1.985 долари). Порастот на вредноста на златото доаѓа во време кога банкарскиот сектор е под закана, а неколку банки во САД веќе банкротираа.
Трендот на инвестирање во злато постојано се зголемува. Податоците на Светскиот совет за злато покажуваат дека од 2000 година до денес тој тренд се зголемува за 12 проценти годишно. Златото обично постигнува повисоки вредности за време на рецесии, економски кризи и политичка нестабилност. Така, поради втората најголема банкарска криза во историјата на САД, овојпат цената на златото се зголеми за повеќе од 100 долари.