„Балкански тек“ го спаси транзитот на руски гас во Бугарија

Балканскиот тек не е на штета на бугарските граѓани вели поранешната министерка за енергетика Теменушка Петкова.

Според неа, „Балкански тек“ го спаси транзитот кон Бугарија, нагласи таа пренесоа медиуми.

Проектот е изграден според сите правила на Европската комисија и директивата за гас, според неа.Секогаш сме работеле во интерес на бугарските граѓани, рече Теменушка Петкова.

Бугарија очекува дополнително снабдување со гас преку Интерконекторот Бугарија-Грција договорен уште во времето на владата на Бојко Борисов, изјави пратеникот на ГЕРБ.

Сепак, не е јасно кога проектот ќе биде готов.