Српски твитерџии објавуваат фотографии од Нови Сад пред доаѓањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ во посета на овој град.
Според објавените фотографии пред доаѓањето на претседателот работник се обидува да замаскира исушено дрво.
Работникот на исушеното дрво става гранки од зелено дрво за Вучиќ да не види дека тоа е исушено.
Изразот ,,Потемкиново дрво” кој се користи во овој текст алудира на изразот ,,Потемкинови села” чие значење го објаснува славистот Емил Ниами:
,,Изразот „Потемкинови села“ може често да се слушне во македонскиот јазик, особено во пишаните текстови. Тој се употребува кога сакаме да кажеме дека нешто е на изглед убаво, средено, но дека нема никаква функција или, пак, дека зад некои нешта не стои нивната суштина, ами само дека постои форма.”
Од каде доаѓа овој израз и која е неговата историја на овој ЛИНК
A u Novom Sadu
SPEKTAKL
suvo drveće se maskira zelenim granama da ne vidi predsednik Vučić sa kakvim debilima ima posla… pic.twitter.com/fQlBsoyvW2— Milan Malenčić (@MilanMalencic) August 4, 2022