Поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, денеск ијави дека владата им нуди стимулации на пратеници за нивната поддршка во гласањето за доверба.
Во интервју за „ТВ Скај“, Бакојани вели дека премиерот Алексис Ципрас ќе ги собере потребните 151 глас за опстанок на неговата влада преку „политички трансакции“.
Бакојани, изјави дека очекува владата да го донесе т.н. Преспански договор во Парламентот веднаш по завршувањето на гласањето за доверба.
Покрај 145 пратеници на СИРИЗА и независната Катерина Папакоста, владата ја поддржуваат пратеници од „Независни Грци“ (АНЕЛ), како и исклучениот пратеник од „Потами“, Спирос Данилис.
Во истото интервју, Бакојани рече дека националните избори, најверојатно, ќе се одржат во март.