Бакнеж меѓу Борисов и Петков не може даа предизвика ништо друго освен одвратност, изјави бугарскиот претседател ретседателот Румен Радев за бугарските новинари пред самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, пренесува Њуз.бг

Според Радев, дејствијата на првите две политички сили во 49. Народно собрание не водат ниту кон доверба, ниту до одржливи одлуки.
Коментарот на претседателот доаѓа по тековните разговори меѓу „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“ и ГЕРБ-СДС за формирање влада.
Претходно, лидерот на ГЕРБ изјави дека кандидатите за ротирачки премиери Николај Денков и Марија Габриел се „многу блиску до одлука“ според заедничка формула со вториот мандат.
