Бајден три пати се сопна и падна на скалите до претседателскиот авион (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден одвај се искачи по скалите до претседателскиот авион „Ер форс уан“, откако три пати во низа се сопнуваше и на крајот падна.

Но, 78-годишниот врховен командант на оружените сили на САД веднаш стана, го истресе правот од коленото и продолжи да чекори до платформата пред вратата на авионот, од која им отпоздрави на присутните на пистата во базата „Ендрјуз“.

„Доста ветровито е надвор. Многу ветровито е. И јас речиси паднав додека се качував по скалите“, изјави заменилката прес-секретарка на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

„Знам дека народот виде оти претседателот Бајден се лизна движејќи се по скалите на АФ1, но среќна сум да известам дека тој е добро и дури не побара никакво внимание од медицинскиот тим што патува со него“, објави подоцна на Твитер директорката за комуникации за Белата куќа, Кејт Бедингфилд. „Ништо повеќе од погрешен чекор на скалите“.