Бајден само со сопругата на погребот на Елизабета Втора

Американсѝкиот претседател Џо Бајден формално ја прифатил поканата и на погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде придружуван само од првата дама, но не и со делегација, соопшти Бакимгенската палата.



Државниот погреб на кралицата ќе се одржи на 19 септември во вестминстерската опатија.

На претходните државни погреби, како оној на поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела, на тогаш актуелниот претседател на САД,м Барак Обама, да биде придружуван од делегација официјални лица.

Ковчегот на кралицата пристигна во неделата во палатата Холирудхаус во Единбург, по шестчасовното патување од замокот Балморал до главниот град на Шкотска.