Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека врските на сопственикот на Тесла и новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, со другите земји „заслужува да се истражат“.
Тој не прецизираше како точно треба да се направи тоа, пренесе Си-Ен-Ен.
„Мислам дека соработката или техничкиот однос на Илон Маск со другите земји заслужуваат да се разгледаат, без разлика дали тој прави нешто несоодветно“, рече Бајден на прашањето дали Маск е закана за националната безбедност. „Има многу начини. Но, тоа е се што јас ќе кажам.“
Претходно, Блумберг објави, повикувајќи се на свои извори, дека претставници на администрацијата на Бајден разговарале за можна проверка на некои од потфатите на Маск за закани по националната безбедност, вклучително и купувањето на Твитер.
Администрацијата на Бајден го негираше ова.
Помеѓу главните инвеститори кои се обврзаа да обезбедат финансии за да му помогнат на Маск да го финансира договорот за купување на Твитер се неколку странски ентитети, вклучително и државниот богат фонд на Катар и принцот од Саудиска Арабија, Алвалид бин Талал, кој веќе беше еден од најголемите инвеститори претходно.
