Американскиот претседател Џо Бајден, денеска, 9 август, ќе ги потпише протоколите за прием на Шведска и Финска во НАТО. Ова се наведува во работниот распоред на американскиот лидер, дистрибуиран од Белата куќа, пренесе АП.
Според распоредот, Бајден ќе одржи говор и ќе ги потпише ратификационите документи на протоколите за прием на Финска и Шведска во НАТО.
Претходно, американскиот претседател Џо Бајден му се заблагодари на Сенатот за усвојувањето на резолуцијата за ратификација на протоколите за пристапување на Финска и Шведска во НАТО и рече дека „со нетрпение очекува“ да го потпише документот.
Тој, исто така, го нарече гласањето за документот „историско“, нагласувајќи дека одлуката „испраќа важен сигнал“ за посветеноста на САД кон Северноатлантскиот договор.
Бајден, исто така, истакна дека тоа е „најбрзиот“ процес на ратификација на протоколот на НАТО во Сенатот од 1981 година.
