Претседателот Џо Бајден во средата рече дека е „малку веројатно“ проектилот што уби двајца во Полска, сојузник на НАТО, да бил истрелан од Русија, но тој вети поддршка за истрагата на Полска за, како што ја нарече, ракета „произведено од Русија“.

Бајден зборуваше откако во средата наутро свика „итен“ состанок на лидерите на Групата седум и НАТО во Индонезија за консултации за експлозијата во која загинаа две лица во источниот дел на Полска, во близина на границата со Украина, пренесе АП

„Постојат прелиминарни информации кои го оспоруваат тоа“, им рече Бајден на новинарите на прашањето дали проектилот бил истрелан од Русија.

„Малку е веројатно според линијата на траекторијата дека е истрелан од Русија, но ќе видиме“.

Тројца американски функционери рекоа дека прелиминарните проценки сугерираат дека ракетата била истрелана од украинските сили кон руска ракета, која била насочена да погоди електричната инфраструктура на Украина во вторникот.

Официјалните лица зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи не беа овластени јавно да разговараат за ова прашање.

Инаку, денеска (16 ноември) претставниците на НАТО треба да одржат итен состанок во 10 часот на барање на членката на алијансата Полска за да разговараат за инцидентот.