Бајден: Кина не ѝ дава воена поддршка на Русија, засега…

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека и покрај знаците дека Кина размислува за зголемена воена поддршка за Русија, Пекинг сè уште не одговорил на тоа.

„Тоа не значи дека нема, но сè уште не“, рече Бајден за време на прес-конференцијата во Отава, Канада, каде што се сретна со канадскиот премиер Џастин Трудо.


Американскиот лидер се осврна и на неодамнешната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, велејќи дека приближувањето меѓу Русија и Кина е „претерано зголемено“, додека Америка е далеку поуспешна кога станува збор за формирање сојузи.

„Какви обврски презедоа на себе во однос на економијата? Зошто се зголеми трговијата“, праша Бајден новинар кој побара од него да ја коментира средбата на рускиот и кинескиот претседател.

„Не ги сфаќам лесно Кина и Русија, мислам дека претеруваме. Во последните три месеци слушам дека Кина планира да и испорача на Русија огромни количини оружје, но тие сè уште не го направиле тоа. Не значи дека нема да го направат тоа, но сепак не го направија“, додаде Бајден.