Видео снимка на која американскиот претседател Џо Бајден вели дека батериите станале толку моќни што со електричните автомобили може да се напојуваат со струја домаќинствата, било прегледано повеќе од 400.000 пати на социјалните мрежи.

„Кога поради гром ќе ви снема струја, можете да го приклучите автомобилот и да имате струја за куќата. Мислите дека се шегувам, но не, буквално е така“, рече Бајден додека присутните се смееле, пренесува Њусвик