Б92: Што ќе се случи со „заробените“ 100 милиони евра во Грција уплатени од српски туристи

Забраната за влез во Грција останува до 30 септември, објави грчкиот Службен весник, јавува Б92.

Милош Јовановиќ од белградската агенцијата „Травеленд“, за Б92 изјавил дека неговите колеги од Грција го известиле дека одлуката за продолжување на затворањето на границите е потврдена во Службен весник.
Според него и влезот на туристички претставници, не е дозволен. Тие не дозволуваат никој да влезе”, изјави Јовановиќ за Б92.
Останува да видиме што ќе се случи со 100 милиони евра пари на граѓаните на Србија, кои беа заробени во Грција преку туристички агенции, јавува Б92.