„Организацискиот секретар на Движењето Беса, Аднан Азизи преку коментар на социјалните мрежи ја опиша заднината на несоработката на опозицијата за да се отстрани ДУИ од власт.“ – објави информативната агенцијана албански јазик !Журнал“ во својата информација со наслов „Азизи: Влегувањето на АА во Владата не е, за да се спаси Владата, туку да се спаси ДУИ!“.
„Журнал“ пренесува: „Вистината за некоалицирањето на албанската опозиција со години за да се урне ДУИ од власта се обелоденува се повеќе од ден на ден.’ – пишува Азизи, објаснувајќи ја можната одлука на Алијансата за Албанците да влезе во Владата. Можната одлука на раководството на Алијансата за Албанците да станат дел на Владата не е, за да се спаси Владата, туку да се спаси ДУИ! Според Азизи, ако АА не влезе во Владата, тогаш е веројатно дека „Огнената група“ ќе ја преземе целосно ДУИ под контрола.
„Со невлегувањето на Алијансата за Албанците во Владата тогаш експонентите на ‘Огнената група’, кои ја имаат најголемата подршка кај бирачкото тело на ДУИ, веројатно ќе ја преземат под свое раководење ДУИ, ќе го сменат Артан Груби, а потоа и лидерот Али Ахмети. Тогаш со ДУИ ќе почне да раководи групата на Изет Меџити, или ДУИ ќе се подели на два дела.“ – пишува натаму Азизи.
Организацискиот секретар на Движењето Беса вели дека внесувањето на Алијансата за Албанците во Владата ќе претставува подолготрајна политичка инфузија за ДУИ. И каков чекор сега презема АА: во моментите кога ДУИ се распарчува таа влегува во Владата, за да ја одржи ДУИ во живот со политичка инфузија и да и го продолжи животниот век!