Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески бара посебни таблички за службените возила за да не се возат по ниви и во швалерај после работното време. Азески исто така бара укинување на управните одбори во државните претпријатија и редуцирање на државните органи и тела, бидејќи во моментот има околу 1.320 вакви инстутуции. Парите што би се заштедиле од нив би се насочиле кон зголемување на извозот.

Тој, исто така бара парите кои ќе се даваат за помош на компаниите да бидат директно од буџетот, а не преку Македонска банка за поддршка на развојот, која потоа компаниите ги препраќа до другите банки, кои им земаат големи провизии на компаниите.


Азески исто така, бара државата да не се меша во работата на бизнисот, бидејќи го уништува и бара укинување на решението за недела неработен ден, како и да не се меша во одредување на маржите и во утврдување на минималната плата. Владата да ги тргне рацете од бизнисот, правилата за игра треба да ги сиздаваат стопанствениците а не министерите-порача првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески. Вели треба да се укинат сите управни одбори во државните претпријатија и тие пари да се пренаменат за развој на приватниот сектор.

  • Тешка фрустрација влечеме, дека сме неспособни сами да си ги решиме прашањата па мора да доаѓа некој од страна да ни ја крои судбината. Тоа е исто како дома да го викаш соседот да ти ги реши проблемите, а се знае како тој ги решава. Мора да собереме сила да поведеме сами иницијатива. Изборивме 74 иницијативи за регулирање на односите на Балканот и ниедна не е наша автентична, туку е од надвор. Постои и голема поларизација меѓу власта и опозицијата – видовте вчера, не можеме да разберме за што беше разговарано, „два месеца, три месеца, со ДУИ, без ДУИ“, јас не можам да разбреам што 40 години се занимавам со ова, па не обичниот граѓанин, истакна Азески.

Државата според азески треба да се насочи кон поддршка на производи со додадена вредност бидејќи мала економија како економската не може да опстои без значителен извоз. Бизнисот трпи бидејќи се е врзано со изборите кои кај нас најчесто се вонредни. Што значи постоајно сме во изборна кампања. Тие во континуитет го уништуваат бизнисот и треба да расчистиме со ова и да се свртиме кон раст на извзот.